Симулации на дебати меѓу кандидатите за претседател и потпретседател на САД од Републиканската партија и од Демократската партија

На 18.12.2017 и 19.12.2017 година на Правниот факултет ,,Јустинијан Први” во Скопје се одржаа едни од најуспешните до сега спроведени симулации на дебати меѓу кандидатите за претседател и потпретседател на САД од Републиканската партија и од Демократската партија.

Симулациите се одржаа на часовите по Политички систем (правни студии) во групата на проф. д-р Гордана Силјановска – Давкова и во групата на проф. Тања Каракамишева – Јовановска и проф. д-р Марика Ристовска. Во спроведувањето на симулациите беше вклучен и соработникот м-р Марко Кртолица.

Студентите што ја изведоа симулацијата демонстрираа одлични ораторски способности и детално познавање на програмите и политиките на двете aмерикански партии.

Честитки за сработеното! Правниот факултет „Јустинијан Први“ има со што да се гордее!

 

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux