Почитувани,
Запишувањето на семестар и предмети за студентите од прв циклус студии за летниот семестар во учебната 2023/24 година, освен во службата за студентски прашања, ќе се врши и електронски, со користење на iKnow системот, во периодот од:
05.02.2024 до 19.02.2024 година,
следејќи го Корисничкото упатство за студенти за менување на пасворд, логирање и запишување семестар и предмети во iKnow системот.
___
Запишувањето на семестар и предмети за студентите од втор циклус студии за летниот (осми и десетти) семестар во учебната 2023/24 година, не се врши електронски преку iknow системот. Се врши само во службата за студентски прашања, така што избраните предмети и модул (во зависност од насоката) се запишуваат на семестралниот лист(образец А3), што се доставува до службата за студентски прашања.
Со почит,