На 12.3.2024 г., Деканатот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ беше домаќин на делегација од Н.Е. Вилма Дамрбраускине Амбасадор на Република Литванија, претставници од Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија и Europe House Skopje и д-р Неријус Малиукевичиус, водечки литвански експерт за медиуми и кризна и стратешка комуникација, со геополитички фокус на улогата на Русија и Белорусија. На средбата се разменија искуства и разгледуваа можности за идна академска соработка помеѓу Правниот факултет и Вилниус Универзитетот во Литванија. По средбата д-р Неријус одржа предавање насловено „Рушење на ѕидовите од дезинформации“ во амфитеатар седум на Правниот факултет.