Известување за годишна конференција во летниот семестар

Согласно Академскиот календар на Школата за докторски студии, годишните конференции во летниот семестар на акдемската 2023/2024 година, предвидено е да се одвиваат во временскиот период од 22.04 до 17.05.2024 година.

Студентите на трет циклус на студии потребно е своите пријави за годишната конференција во летниот семестар да ги достават заклучно со 29.03.2024 година во службата за студентски прашања кај одговорното лице за водење на трет циклус на студии м-р Мирјана Стојановска.

Право да се пријават на годишната коференција имаат само оние студенти коишто ги исполнуваат условите согласно Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на трет циклус академски студии-докторски студии на Универрзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Присуството на докторандите и менторите во текот на сите презентации на годишната конференција е задолжително, само на тој начин се смета дека студентот/докторанд ја реализирал и успешно завршил годишната конференција.

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux