СООПШТЕНИЕ ЗА ИСПИТИТЕ ВО ВТОРА ДЕКАДА ВО ЗИМСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА КАЈ ПРОФ. Д-Р КАТЕРИНА ШАПКОВА КОЦЕВСКА

Се известуваат студентите кои ќе полагаат Економика, Политичка економија, Современи економски теории, Деловни финансии и Јавни финансии дека испитот ќе се спроведе ПИСМЕНО на 5 февруари со почеток во 9 часот во амфитеатар 2. Оние колешки и колеги кои не доставиле пријава на Студентски прашања за соодветниот испит, треба да донесат уредно пополнета пријава на самото полагање. 

Студените задолжително мора да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид 19 (носат маска, одржуваат растојание, користат средство за дезинфекција при влез во амфитеатарот). 

Важна напомена: Миграција од прва во втора декада и обратно, не е дозволена.  

СООПШТЕНИЕ ЗА ВПИШУВАЊЕ ОЦЕНИ КАЈ ПРОФ. Д-Р КАТЕРИНА ШАПКОВА КОЦЕВСКА

Се известуваат колешките и колегите кои имаат положено испит, а немаат земено оцена по предметите кај проф. д-р Катерина Шапкова Коцевска, дека може да достават индекс и уредно пополнета пријава (доколку досега немаат доставено) за упис на оцената на 5 февруари во 9.30 часот пред амфитеатар 2. Не е задолжително лично присуство. Лицата мора да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид 19 (носат маска, одржуваат растојание, користат средство за дезинфекција при влез во амфитеатарот). 

СООПШТЕНИЕ ЗА ВПИШУВАЊЕ ОЦЕНИ КАЈ ПРОФ. Д-Р КАТЕРИНА ШАПКОВА КОЦЕВСКА

Се известуваат колешките и колегите кои имаат положено испит, а немаат земено оцена по предметите кај проф. д-р Катерина Шапкова Коцевска, дека може да достават индекс и уредно пополнета пријава (доколку досега немаат доставено) за упис на оцената на 27 јануари во 9.30 часот пред амфитеатар 2. Не е задолжително лично присуство. Лицата задолжително мора да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид 19 (носат маска, одржуваат растојание, користат средство за дезинфекција при влез во амфитеатарот). 

СООПШТЕНИЕ ЗА ИСПИТИТЕ ВО ПРВА ДЕКАДА ВО ЗИМСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА КАЈ ПРОФ. Д-Р КАТЕРИНА ШАПКОВА КОЦЕВСКА

Се известуваат студентите кои ќе полагаат Економика, Политичка економија, Современи економски теории, Деловни финансии и Јавни финансии дека испитот ќе се спроведе ПИСМЕНО на 27 јануари со почеток во 9 часот во амфитеатар 2. Оние колешки и колеги кои не доставиле пријава на Студентски прашања за соодветниот испит, треба да донесат уредно пополнета пријава на самото полагање. 

Студените задолжително мора да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид 19 (носат маска, одржуваат растојание, користат средство за дезинфекција при влез во амфитеатарот). 

Важна напомена: Миграција од прва во втора декада и обратно, не е дозволена.  

СООПШТЕНИЕ

Почитувани студенти,

Вашите индекси оставени во службата за студентски прашања можете да ги земете од 22.10.2020 година

Со почит,

Правен факултет “Јустинијан Први” во Скопје

Известување за термин за впишување оцени кај проф. д-р Христина Рунчева Тасев

Се известуваат студентите дека оцени по предметите кај проф. д-р Христина Рунчева Тасев ќе бидат впишани во четврток, 22 октомври во 17 часот во кабинет.
Се замолуваат студентите да ги доставуваат индексите преку еден претставник од групата со цел избегнување гужви и собирање.

Земање оценки по предметот Вовед во правото кај проф. д-р А. Спасов

Оцени за положени испити по Вовед во правото (правни студии, политички студии на македонски јазик и новинарство) и Филозофија на правото (правни студии) кај проф. д-р Александар Спасов ќе се впишуваат според следниов распоред:
  •  за сесијата во август/септември за сите четири декади на 15.10.2020 (четврток) од 10.00 часот во амф. 2;.

Соопштение за земање оценки кај проф. д-р В. Кандикјан

Се известуваат сите студенти кои положиле испит кај професор Кандикјан, а кои сè уште не земале оценка, да ја испратат својата и-меил адреса и сесијата кога положиле на vkandikjan@yahoo.com, за да може благовремено да ве информирам кога и каде да ги донесете индексите за впишување на оценките.

Скопје 12.10.2020 година Проф. Владимир Кандикјан

СООПШТЕНИЕ ЗА ВПИШУВАЊЕ ОЦЕНИ ВО ИНДЕКС И ПРИЈАВА КАЈ ПРОФ. Д-Р КАТЕРИНА ШАПКОВА КОЦЕВСКА

Се известуваат студентите кои немаат оцена во индекс или пријава, а полагале кај проф. д-р Катерина Шапкова Коцевска, дека можат да ги достават индексите и уредно пополнетите пријави (доколку досега немаат доставено пријава) во поштенскиот фах (сандачињата кај Архивата на факултетот) на проф.д-р Катерина Шапкова Коцевска.
Индеките и пријавите се доставуваат најдоцна до четврток (8 октомври).
Пополнетите индекси ќе може да се подигнат од Студентски прашања од понеделник (12 октомври).