Посета на студенти од Универзитетот во Нејмеген, Кралство Холандија

poseta-na-studenti-od-Holandija-2На 28 април 2017 година, посета на Правниот факултет „Јустинијан Први“ оствари група студенти на Универзитетот во Нејмеген, Кралство Холандија, кои беа заинтересирани да се сретнат со наставниот кадар на факултетот но пред се со нивните колеги од политичките студии со цел размена на искуства и контакти. Студентите, кои се студенти на политичките студии на Универзитетот во Нејмеген, ги пречекаа продеканката за меѓународна соработка доц. д-р Ирена Рајчиновска – Пандева и раководителот на институтот за политички студии проф. д-р Ненад Марковиќ. На студентите им беше одржана поздравна реч и им беше презентирана програмата на политичките студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“. По формалната средба, студентите гости се сретнаа со група на студенти од нашиот факултет, разменувајќи искуства за процесот на студирање, можностите за студирање и компаративни искуства од академскиот живот на двата универзитети.

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux