Потпишан меморандум за соработка помеѓу Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје и Управата за финансиска полиција

Деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје проф. д-р Сашо Георгиевски и директорот на Управата за финансиска полиција при Министерството за финансии на Република Северна Македонија потпишаа меморандум за соработка на 29.3.2024 година, со цел соработка помеѓу двете институции преку поврзување на теоријата со практиката од областа на административното право, казненото право и финансовото право, а со цел модернизација на образовниот процес и унапредување на состојбите во борбата против организираниот финансиски криминал, заштита на националните финансиски интереси, како и заштита на Европските фондови во Република Северна Македонија.

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux